Facebook отстрани десетици илјади лажни профили пред изборите во Германија

0
71
views
loading...

По извештаите за странско мешање во претседателските избори во САД и во Франција, соработувавме со германските власти – рече портпаролот на Facebook.

Социјалната мрежа Фејсбук, неколку недели пред парламентарните избори во Германија, кои се одржаа на 24 септември, отстрани десетици илјади лажни профили регистрирани во Федералната Република, изјави портпаролот на Facebook, Ричард Ален.

– По извештаите за странско мешање во претседателските избори во САД и во Франција, соработувавме со германските власти за неколку иницијативи за борба против дезинформации за да го направиме Facebook побезбедна средина за природно вклучување на граѓаните во општествениот живот, рече Ален.

За да се спречи злоупотреба на платформата, тој посочи дека почнале нова иницијатива за отстранување лажни профили за сомнителни активности.

Претходно, основачот на Facebook, Марк Цукерберг изјави дека нема никакви траги од мешање во исходот на резултатите на германските избори преку социјалната мрежа.

Loading...

ДИСКУСИЈА

Please enter your comment!
Please enter your name here