ЕП ракомет: Македонија против Германија за прво место во групата

0
131
views
Mazedonien Deutschland Handball fans EM 2018
loading...

Македонската ракометна репрезентација против актуелниот европски шампион Германија вечерва ќе го одигра последниот меч од првата фаза на шампионатот во Хрватска.

Двете селекции по првите две кола го обезбедија своето учество во втората фаза од натпреварувањето, така што денешниот меѓусебен дуел ќе претставува директна борба за пласман на првата позиција во групата, односно борба за што повеќе пренесени бодови во втората фаза во Вараждин.

Македонија со победите над Словенија и Црна Гора има загарантирани два бода кои ќе ги пренесе во Вараждин, а на нив ќе се додадат и евентуалните бодови од средбата со Германија.

На Германците од друга страна, им зависи и исходот од втората средба во групата помеѓу Словенија и Црна Гора, со тоа што тие ја совладаа Црна Гора, но одиграа само нерешено со Словенија.

Промена во македонската репрезентација, Маркоски место Филип Лазаров

Селекторот на Македонија Раул Гонзалес ја направи и првата измена во составот. На местото на Филип Лазаров на листата на играчите за дуелот со Германија ќе биде Велко Маркоски.

Настапот на Маркоски ќе значи дека ова за него ќе биде петто Европско првенство и ќе има можност да го одигра 20. натпревар на европските шампионати.

Филип Лазаров има ситна повреда, а селекторот Раул најверојатно не сакајќи да ризикува во составот го „вметна“ специјалистот за одбрана Велко Маркоски.

Лазаров на првите два дуела постигна голови во многу важни моменти и имаше 5 голови од 5 обиди.

Натпреварот почнува од 18:15 часот во „Загребска Арена“.

loading...

По завршувањето на денешното последно коло од групите Ц и Д, Македонија, Германија и Шпанија ќе се приклучат на Главната Група 2 во Вараждин.

Влез меѓу 12-те најдобри ќе обезбедат уште победникот од мечот Словенија – Црна Гора, како и две од трите екипи од Д групата (Данска, Чешка и Унгарија) кои во последното коло ќе го одлучат конечниот пласман.

Loading...