ЕП ракомет 2018: Германија ја победи Чешка

0
8
views
Germanija rakomet
loading...

Во првиот натпревар од групата 2 вечерва во Вараждин, селекцијата на Германија ја победи Чешка со 22:19 и се искачи на првата позиција.

До триумфот упорните Германци дојдоа со подобра игра во финишот. Пред тоа Чесите беа подобар противник и го контролираа резултатот. Сепак во последните 10 минути со серија од 6:0 актуелниот европски шампион дојде до двата бода.

Сега Германија е прва со 4 бода, пред Македонија која има 3, но и натпревар помалку. Вечерва во оваа група играат Данска – Словенија. Македонија в недела го игра дербито со Шпанија.

Loading...

ДИСКУСИЈА

Please enter your comment!
Please enter your name here