ЕП ракомет 2018: Данска ја совлада Германија

0
55
views
loading...

Ракометарите на Данска ја забележаа и втората победа во новоформираната група 2, на Европскиот шампионат што се одржува во Хрватска.

Актуелните олимписки шампиони Данците вечерва во вараждинската „Арена“ го победија европскиот првак Германија со 26-25 полувреме 9:8.

Ханс линдберг со 9 постигнати голови и Микел Хансен кој средбата ја заврши со 5 постигнати гола, беа предводници на Данците во ваа победа.

Со оваа победа Данска изби на првото место на табелата со 6бода,пред Германија која има 4, но двете селекции веќе одиграа по две средби од оваа фаза на шампионатот.

А, вечерва, во оваа група, својот прв меч ќе го одиграат и селекциите на Македонија и Шпанија.

Двете репрезентации започнуваа во оваа фаза со по два бода колку што има и Чешка со средба повеќе, односно Словенија која е последна без бод.

Дуелот Македонија – Шпанија започнува од 20 часот и 30 минути.

Loading...