Еднаш месечно германски филмови во Кинотека на Македонија

0
32
views
германски филм
loading...

Гете-институт Скопје заедно со Kинотека на Македонија еднаш месечно ќе прикажуваат актуелни или класични германски филмови. Со тоа љубителите на филмот ќе имаат можност во текот на 2018 година да гледаат вкупно 12 филмови од различни жанрови.

„Целта на филмовите е да се прошират знаењата за германската култура, историја и разноликост, а преку тоа да се пренесе сеопфатна слика за културниот, општествениот и политичкиот живот во Германија” – вели Тања Кригер, директорка на Гете-институт Скопје.

Со филмот “Државата против Фриц Бауер” прикажан на 14 февруари започнаа проекциите на шестте филма предвидени за првата половина од годината, а на 26 февруари следува филмот “Парис, Тексас”, “Западен ветер” (14 март), Душевна кујна (11.4.), “На иста висина” (16 мај), “Кој сум јас – ниеден систем не е сигурен“ (13 јуни).

Програма:

26.02. Парис, Тексас (Paris, Texas);

14.03. Западен ветер (Westwind);

11.04. Душевна кујна (Soul kitchen);

16.05. На иста висина (Auf Augenhöhe) и

13.06. Кој сум јас – ниеден систем не е сигурен (Who am I – Kein System ist sicher)

Сите филмови се прикажуваат во оригинал, на германски јазик, со македонски и албански превод. Влезот е бесплатен.

Loading...