Две лица загинаа од петарди во Берлин

0
83
views
Пиротехника
loading...

Две лица починале како последица на повреди здобиени од петарди од домашна изработка, на поширокиот регион во Берлин, Германија, за време на новогодишната ноќ.

Агенцијата DPA јави денеска дека еден 35-годишен маж и 19-годишно момче се жртви на петарди од домашна изработка.

Германија ги засили мерките за безбедност на новогодишната ноќ, особено по сексуалните напади во Келн пред две години.

Годинава во Келн се регистрирани неколку случаи на сексуално вознемирување додека берлинската полиција наведе дека имало десетина такви случаи и дека привела неколку луѓе во текот на прославата пред Бранденбуршката порта во Берлин, околу која постави и сигурносни зони.

Loading...