Драма во Загреб, видеотехнологијата ја спаси Германија од пораз против Словенија

0
106
views
loading...

Во натпревар со исклучително драматична завршница Германија и Словенија одиграа нерешенo 25:25, Словенците се израдуваа на победа, но по прегледувањето на снимката Германците добија пенал, го реализираа и се спасија од пораз.

Меч со неверојатна завршница во која видеотехнологијата го имаше финалниот збор. Словенија водеше и со шест гола разлика, но на крајот Германија извлече бод. Судиите повторно беа во центарот на вниманието, а Вујо имаше свое шоу.

Словенија одигра фантастично прво полувреме, во кое имаше предност и од шест гола разлика, на одморот се замина со 15:10.

Германците се вратија, натпреварот влезе во драматична завршница, во која се играше гол за гол.

Во последните секунди Словенија постигна гол за победа, Германија се обиде да врати со брз центар, но не успеа.

Словенците почнаа да ѝ се радуваат на победата, но таа сѐ уште не беше прогласена. Видеотехнологијата одлучуваше кој ќе биде победникот.

По повеќе минути поминати пред екраните судиите одлучија да им дадат пенал на Германците.

Еден од словенечките ракометари неправилно бранеше при обидот на Германија да изведе брз центар, а тоа значеше црвен картон за него и пенал за противникот. И тука следуваше шоу, Вујо најпрво застана на голот, па по мала расправија дозволи да се изведе најстрогата казна, Германија погоди и се спаси од пораз.

Loading...