Наши деца, брат и сестра, репрезентативци на Германија во кошарка

0
1
views
Loading...

Една случајна средба на натпревар на ветераните на Пелистер во кошарка, на двајцата ни врати многу спомени, од кошарката, од гимназија, од економско, од Прва “Б“ лига, од смените на претседателите на КК Пелистер, од гостувањата, од навивањето, за тоа кој доаѓал на кошарка… Иако во прв момент не се познавме, со оглед на тоа дека поминале повеќе од 25 години е нормално, сеќавањата веднаш се вратија.

Кошаркарот на Пелистер, кој играше во најдобрите времиња, кога клубот се натпреваруваше во Прва “Б“ лига, Томе Здравевски, си останал истиот, непосреден, мил, пријателски настроен кон сите, со истата љубов кон кошарката. По, неколку разговори за спомените, секако се наметна прашањето, како си во Германија, што работиш, како се децата. Здравевски рече дека работел, дека му било добро, но мене и на останите кои бевме на заедничкиот ручек со ветераните не ни беше јасно дека Томе така смирено ни рече:

Двете деца Даниел и Лаура на 16 и 20 години играат кошарка и настапуваат за соодветните германски репрезентации, а Даниел сега моментно игра за Баерн од Минхен.

Ова Томе ни го соопшти како да играат за некои малски клубови, а не во дресот на Германија. Ова ме испровоцира Томе да ми каже нешто повеќе, за што малку се “тегневме“ знаејќи колку е скромен Томе.

loading...

Zdravevski Daniel Basketball DBB

Даниел во Баерн е по препорака на големиот светски тренер, Светислав Пешиќ, кој го “најде“ Даниел на камп во Пирот. Таму ми кажа дека е голем талент и дека ќе го препорача за Баерн и ми даде број да се јавам во Баерн. Јас му реков на Даниел да продолжи да тренира и дека нема да барам никој во Минхен и дека ако вреди тие ќе се јават. Така и беше луѓето од Баерн се јавија и не поканија. Отидовме таму и само по еден тренинг ми рекоа дека можам да си одам, а Даниел може да остани. Така се случи и сега Даниел е во Баерн, а настапува и за германската кошаркарска селекција до 16 години, вели Здравевски.

Даниел претходно настапувал за КК Хаген од Хаген, каде Томе бил долго време тренер. Почнал од 5 лига, со свои 8 години, а тешко стигнал до место во тимот, бидејќи, тренерот, неговиот татко, иснистирал да биде најдобар, а потоа да биде играч, да не може никој на двајцата да им префрли.

Поради големите професионални обврски во Баерн и во германската репрезентација Даниел на две години го прекина школувањето, кое се надева дека ќе го продолжи. За тренрите на Даниел има голема дилема дали да настапува за македонската или германската селекција, но Даниел, јасно кажува дека Македонскиот репрезентативен дрес за него е најголем предизвик.

Сестрата на Даниел, Лаура, се определила да оди во спортот на нејзината мајка Лилјана, која играше ракомет. Таа настапуваше за Тутунски во Прилеп, каде се заљубија со Томе, а потоа во Ѓорче Петров. Но, по некое време и таа продолжува во кошарката, по патот на татко и. Таа почнува да тренира кошарка во Хаген, Гринберг од Гисен, Вирзбург и во Фрајбугр, во кој град и студира. Таа е младински репрезентативец на Германија, а настапувала и на Олимпијада и на светско првенство во 3 на 3. На олимпијадата во Рио беше избрана да биде во делегацијата која ја претставувала германската кошарка.

Laura Zdravevska Basketball DBB

И Лаура е одличен кошаркар ценета во кошаркарските клубови и во репрезентацијата и се надевам дека ќе продолжи така, вели кратко Томе.

Инаку,по завршувањето на кариерата во Македонија, Томе Здравевски, заминува за Германија, во градот Хаген. Покрај работата продолжува да игра кошарка, во КК Хаген. Таму игра пет години, и продолжува како тренер, а клубот стигнува во втора лига. Како заслужен за развојот на клубот Томе, на барање на претседателот, останува во клубот. Сега не работи многу со екипата, но работи само со поединци и тоа на неговата специјалност, шутот.

И покрај сите успеси, негови, на неговото семејство, посебно на неговите деца, Томе останува онаков каков што беше кога дојде во Битола од неговиот роден Демир Хисар, а најмногу по скроменоста, а како доказ е тоа дека со “тешка мака“ ни ги покажа германските спортски весници, кои ги кажуваат пофалбите за ова македонско спортско семејство во Германија.

С. Ристевски

Извор: Bitola News

Поврзано/германски: Die mazedonischen Bayern Geschwister

Loading...

ДИСКУСИЈА

Please enter your comment!
Please enter your name here