Берлинскиот ѕид го нема точно онолку време колку што и (по)стоеше

0
62
views
loading...

Берлинскиот ѕид го делеше главниот германски град 28 години, два месеца и 26 дена. На денешен ден изминува точно толку време откако е урнат. Дали тоа беше одамна или беше вчера?

„Лекцијата од историјата“ е се поскапа на контролната точка Чарли. Фотографирање со лажен американски војник сега чини три евра.

Онаму каде за време на Студената војна беше границата меѓу американскиот и советскиот сектор, сега глумци-аматери во воени униформи ја „чуваат“ репликата на стражарската куќичка.

На денешен ден, Берлинскиот ѕид нема да го има точно онолку колку што го имаше.

Во ноќта на 9 ноември 1989 година, комунистичкиот режим на Источна Германија беше во агонија и не можеше да ја запре масата која мирно го „проби“ Берлинскиот ѕид.

Некои Германци ќе речат: Што? Зарем мина толку време откако го нема? На други, тој период ќе им се чини многу подолг. И потежок.

Болни сеќавања на Штази

Ханс-Јоаким Личе (57) чека група ученици од основно училиште. Ќе им објаснува како источногерманската безбедносна служба Штази затворала луѓе како него, само затоа што мислеле поинаку.

– Триесет години молчев за тоа, вели Личе, кој е стаклар по занимање.

Сега е водич во поранешниот притвор на Штази, денес меморијален центар Хохеншонхаузен, единствено место на кое може да се зборува за своето искуство.

loading...

Пред четири години, ненадејно почнале да му навираат сеќавања, се излегло на површина – ќелии без прозорци, изолација, страв.

Berliner Mauer Brandenburger Tor

Источногерманските власти го казниле на девет месеци затвор затоа што делел летоци со повик за почитување на слободата на говорот.

– Падот на ѕидот беше еден од најсреќните денови во мојот живот, изјави Лече со солзи во очите. Но кошмарите уште долго го мачеле.

Никогаш не ја побарал својата обвинителка. – Немам никаква желба за одмазда, објасни тој.

Своевиден учител по историја

Друга група ученици минува покрај остатоците од ѕидот меѓу Потсдамер Плац и Чекпоинт Чарли. Ги води Маркус Мулер-Тенкоф и вели дека им е „своевиден“ учител по историја.

– Кога ги водат младите низ Берлин, поставуваат најразлични прашања. Тогаш сфаќам дека ним ѕидот им е само дел од историјата, вели Мулер-Тенкоф, роден во Западен Берлин.

Мирно одговара на нивните прашања. – Колку требало за ѕидот да се изгради? Кој го изградил? Турите по Берлин ги води од 1991 година.

Мулер-Тенкоф во времето на уривање на ѕидот живеел во Лондон, но веднаш се вратил во родниот град. Нему, периодот по падот на ѕидот му се чини многу подолго отколку времето на поделен град.

Психолог кој патува низ времето

Психологот Клаус Зајфрид има можно објаснување за тоа. – Секој поединец различно го доживува протокот на времето.

– Младите луѓе едвај можат да го замислат животот пред 30 или 40 години, вели Зајфрид, кој 26 години работел како училишен психолог.

Ним историјата на поделениот град им е далечна колку и на родителите на Зајфрид што им е далечно сеќавањето на животот пред Втората светска војна. – Немаат „чувствено“ искуство, објаснува тој.

Зајфрид се преселил во Западен Берлин во 1972 година. Но се уште постојат места кои го носат назад во времето.

Неодамна се запрел на местото кое некогаш беше граница меѓу Долна Саксонија и Саксонија-Анхлат. – Одеднаш ми се појавија слики како ми бараат патни исправи, прегледуваат, ме испитуваат дали имам скриено оружје.

Разочарување на исток

Многу луѓе на истокот на Германија до денес се чувствуваат незадоволни од нешто, иако од 1989 година животниот стандард се зголеми, невработеноста се намали, а градовите се средени.

На исток, меѓутоа, укажуваат на помали пензии, села кои изумираат и одлив на квалификувана работна сила.

На изборите во ноември, крајно десните популисти Алтернатива за Германија станаа втора по сила партија на подрачјето на поранешна Источна Германија.

Грегор Гизи, еден од основачите на партијата Левица, има едноставно објаснување.

– Источногерманското потекло се сметаше некако за помалку вредно, вели Гизи, еден од ретките политичари од поранешниот комунистички режим кој оствари успешна политичка кариера по обединувањето на Германија.

Најголем пропуст во процесот на обединување беше тоа „што западот никогаш не бил навистина заинтересиран за истокот, смета Гизи.

Тивкото мнозинство овозможува диктатура

Многумина критикуваат што просторот полн историја околу контролната точка Чарли изгледа како некој вид Дизниленд. Предложениот музеј на Студената војна, кој со години се планира, никако да почне да се реализира.

Владината функционерка Ана Камински во меѓувреме истакнува дека нема ниту една катедра на ниту еден факултет за проучување на историјата на Источна Германија. Научното истражување на ДДР со години е во опаѓање, а во западниот дел на државата речиси и го нема.

– Не само што тоа има тешки последици за едукацијата на идните учители по историја, туку и за сегерманската култура на сеќавање, вели Камински.

Анкетите покажуваат дека младите многу малку знаат за демократијата и диктатурата по 1945 година. – Таков дефицит лесно може да создаде носталгија, глорификација и митови за ДДР, изјави таа.

Поранешниот политички затвореник Личе не сака тоа никогаш повеќе да се повтори.

– Од тоа се плашам. Диктатурите се создаваат брзо, а ги овозможува мнозинството, изјави тој.

Loading...

ДИСКУСИЈА

Please enter your comment!
Please enter your name here