Баварците во средниот век ги бендисаа балканките

0
49
views
loading...

Најново откритие: Баварците во средниот век ги бендисаа балканките, па си ги земале за  жени и си ги довеле во „ладната“ Баварија.

Остатоци од жени со големи, издолжени черепи 1500 години лежеле закопани меѓу моштите на средновековната Германија, а сега нивната генетска анализа ја открила причината за издолжувањето (за кое низ историјата некои сметале дека се работи за доказ за вонземски живот).

Археолошки, тие не се воопшто различни од остатокот на популацијата, но генетски значително се разликуваат. Истражувачите секвенцирале геноми на скоро 40 индивидуи закопани во јужна Германија во периодот од доцниот 5-ти до раниот 6-ти век. Девет жени покажувале јасни знаци на деформација на черепот, додека други 5 имале обележја на „средно“ издолжување.

Иако живееле и умреле меѓу античките Баварци кои имале сини очи и сина коса, нивните гени откриле дека овие жени имале сосема друго потекло. Тие потекнувале од југоисточна Европа, поточно Бугарија и Романија и најверојатно имале потемни очи и коса во споредба со Баварците.

Тимот истражувачи сметаат дека на овие жени главите им биле врзувани кога биле бебиња за да се создаде препознатливиот издолжен изглед – културна практика која низ историјата се спроведувала во разни делови на светот, вклучувајќи ги Европа и Азија.

За тоа како завршиле во Баварија, се смета дека тие потекнувале од богати фамилии во југоисточна Европа и најверојатно биле верени за мажи во локални Баварски заедници за да помогнат при формирање на политички или стратешки алијанси во регионот.

Loading...