Атентат врз екс репрезентативец на Германија

0
59
views
Deniz Naki Anschlag
loading...

Дениз Наки, поранешниот германски фудбалер кој има курдско потекло преживеа обид за убиство. Станува збор за фудбалер кој своевремено важеше за голем талент а има играно и за младинските селекции на Германија.

Атентатот бил извршен на автопат во близина на градот Дурен во Западна Германија откако било пукано во неговиот автомобил марка „Ауди“. Два куршуми завршиле во неговото возило, но 28-годишниот фудбалер сепак не е повреден.

Наки настанот веднаш сам го пријавил во полиција, а за нападот ја обвинил тајната служба на Турција, односно претседателот Реџип Таип Ердоган.

„Со време видов дека човекот со црн автомобил се спрема да пука и се наведнав. Тој испука неколку куршуми и продолжи да вози, а јас закочив. Еден куршум заврши во прозорецот, еден во вратата, а еден близу до тркалото. Мислам дека знам кој е напаѓачот. Тој е агент на турската тајна служба или некој на кого не му се допаѓаат моите политички ставови“, изјави Наки.

Поранешниот фудбалер на Сент Паули, Падерборн, Генчербирлиги и нисколигаш Амад пред една година беше осуден на 18 месеци условен затвор поради „ширење на терористичка пропаганда за сепаратистичката курдска работничка партија“. Исто така, во 2016 година Турската фудбалска федерација му изрече суспензија од 12 меча поради „идеолошка пропаганда“ поврзана со курдскиот конфликт.

Loading...