Алсат-М: преговори за меѓусебно признавање на возачките дозволи

0
141
views
loading...

Меѓусебното признавање на возачките дозволи меѓу Македонија и Германија е во завршна фаза, но институциите не прецизираат кога може да се очекува потпишување на договорот од кој пред се корист ќе имаат македонските државјани кои патуваат или привремено работат во Германија.

„Преговорите се во насока на надминување на технички аспекти во рамки на законите на двете земји. Признавањето ќе биде взаемно и затоа работните групи работат во насока на изнаоѓање решение. Се уште не сме го финализирале договорот, затоа се прават напори на граѓаните да им се овозможи ефикасно и правилно да ја искористат оваа можност“, вели Агим Нухиу, заменик министер за внатрешни работи

Двете земји, како што дознава Алсат М треба да ги усогласат ставовите за лекарските уверенија за психичката и здравствената состојба за возачите кои се издаваат во Македонија, но не и во Германија. Барањето за признавање на возачките дозволи беше актуализирано од нашиот државјанин кој привремено живее и работи во Германија. Тој почна да собира потписи преку онлајн петиција.

Од евентуалниот договор за признавање на возачките дозволи се очекува придобивка да имаат околу 100 илјади печалбари од Македонија кои живеат и работат во Германија. Исто така од ова, корист ќе имаат и професионалните возачи. Моментално дијаспората македонските возачки дозволи може да ги користат само во првите шест месеци од нивниот престој таму. Потоа тие се должни да извадат германски возачки дозволи кои коштаат две илјади евра, а професионалните возачи треба да извадат меѓународна дозвола.

Поврзано: Македонските дозволи понатаму не признаени во Германија

Извор: Алсат М

Loading...

ДИСКУСИЈА

Please enter your comment!
Please enter your name here