25 август роденден на „кралот на бајките“ Лудвиг втори

0
36
views
König Ludwig von Bayern
Loading...

На 25 август 1845 година е роден Лудвиг втори Баварски (цело име: Ото Фридрих Вилхелм Лудвиг фон Вителсбах), кој до ден денес остави траен белег во Баварија во јужнот дел на Германија. На времето го добил прекарот „Лудвиг лудиот“ но денес сите го нарекуваат „кралот на бајките“ според неговото најпознато дело – замокот во Нојшванштајн.

Замокот и навистина личи така, и е изграден во непосредна близина на малата палата на неговата фамилија каде Лудвиг пораснал.

Schloss Neuschwanstein

 

loading...

По смрта на неговиот татко Максимилијан втори Лудвиг станал крал на Баварија на само 18 години возраст во 1864 година. Од самиот почеток на неговото владеење Лудвиг дал огромна подршка за културата, а еден творец особено го финансирал – познатиот компонист Рихард Вагнер.

Кралот беше иницијатор на градежна офанзива и до ден денес тие градби привлекуваат туристи од целиот свет – веќе споменатиот замок кај градот Фисен Нојшванштајн, и палатите Линдерхоф и Херенкимзе се најпознатите дела на Лудвиг. Но и ред други градби се изградени во времето на неговото владеење и се директно контролирани и планирани од неговата страна.

Неговата смрт е мистериозна, на 13 јуни 1886 година кралот е пронајден починат во водите на Штарнбергер езеро. Лудвиг бил симнат од престолот неколку дена пред неговата смрт на 9 јуни од страна на баварската влада под изговор дека кралот бил душевно болен.

 

Loading...