Фудбал: Германија ја прегази Норвешка

0
94
views
loading...

Убедлив триумф на „панцерите“ кои ја запишаа осмата победа во групата но уште не се пласирале на Мундијалот

Репрезентацијата на Германија ја победи Норвешка со 6:0 меѓутоа математички го нема обезбедено пласманот на Мундијалот затоа што и најблискиот конкурент Северна Ирска ја победи Чешка, па разликата меѓу нив изнесува пет бода на две кола пред крајот на квалификациите.

Германците ја наполнија мрежата на противникот. Уште во првите 23 минути светскиот првак поведе со 3:0 со погодоците на Озил, Дракслер и Вернер. Вернер го постигна и четвртиот гол пред крајот на првото полувреме, а во вториот дел прецизно стрелаа Горецка и Гомез. Германците остануваат со 100% ефект во квалификациите по осум одиграни кола. Освен тоа ја запишаа 15-тата победа во 21 меч против Норвежаните. Идното коло Германците ќе гостуваат кај дирекниот конкурент за првото место Северна Ирска.

Црна Гора ја победи Романија со 1:0 со голот на Јоветиќ и остана бодовно изедначена со Данците на втората позиција (имаат по 16). Двете екипи имаат и иста гол разлика 18:7. Во оваа група Е првото место го држи Полска со 19 поени.

Англија ја победи Словачка со 2:1 и се најде на чекор до директен пласман на Светското првенство во Русија. На „Гордиот албион“ сега му треба само бод наредното коло против Словенија за да ја освои челната позиција на табелата. А останува интересна борбата за второто место кое води во баражот и за кое конкурираат Словачка, Словенија и Шкотска.

Рековме Англичаните славеа со 2:1, а до победата дојдоа со пресврт. Уште на стартот следуваше шок на „Вембли“ затоа што на асистенција на Немец, играчот за врска Станислав Лоботка ја тресе мрежата на Харт. Изедначувањето стигна во 37 минута кога Ерик Дајер на нафрлување на Рашфорд го погоди голот на Словаците.
Во 59 минута Рашфорд со прекрасен шут од 16-тина метри ја испрати топката зад грбот на Дубравка и донесе победа за „Гордиот Албион“, шеста во осмиот меч во групата Ф.

Loading...