Талески и Миркуловски со победи стартуваат во Купот на Германија

0
40
views
Mirkulovski Wetzlar
Loading...

По освојувањето на турнирот во Гумерсбах, германскиот шампион Рајн Некар Левен со победа ги започна и официјалните натпревари. Во натпревар од првото коло на Купот на Германија, „лавовите“ го совладаа Балинген со 41-28 (18-11).

Македонскиот репрезенативец Филип Талески ја искористи малата минутажа која ја доби и постигна два гола од исто толку обиди. Рајнликд и Пекелер со по 7 гола беа најефикасни поединци на натпреварот.

Вториот Македонец во најсилната лига на светот, Филип Миркуловски со неговиот Вецлар забележа тешка победа против Кобленц со 31-29 (16-11). Нашиот репрезентативец постигна еден гол од два обиди за „зелените“. Бјорнсен и Ридел со по 7 гола беа најефикасни во двата табори.

Германски

loading...

gol.mk

Loading...

ДИСКУСИЈА

Please enter your comment!
Please enter your name here