Продажбата на мало во Германија паѓа побрзо од очекуваното

0
49
views
loading...

Продажбата на мало во Германија паѓа побрзо од очекуваното темпо во јули.

Индикаторот, кој е променлив и често се предмет на ревизии, е намален за 1,2% на месечна основа, според податоците од федералното статистичко биро „Destatis“.

Податоците покажуваат дека потрошувачката веројатно ќе изгуби дел од динамиката во почетокот на третиот квартал. Економистите анкетирани од „Ројтерс“ очекуваат пад од 0,4 отсто. Во јуни, забележан е раст од 1,3 отсто.

На годишна основа на продажбата на мало во федералната република растат со 2,7 отсто, што е под прогнозите за скок од 3,5 проценти.

Приватната потрошувачка го надмина извозот како главен двигател на растот, бидејќи Германија ужива рекордно ниска невработеност, зголемени реални плати и ултраниски камати.

Loading...