Почнува да суди првата жена во германската Бундеслига

0
54
views
Loading...

Германката Бибиана Штајнхаус ќе стане првиот женски судија во Европските топ лиги а во тоа многу ѝ помогна искуството што го имаше на мечот на Баерн Минхен пред неколку дена. Судела преку 80 меча во втората лига.

Бибиана Штајнхаус има 38 години и веќе неколку сезони успешно судела втората Бундеслига и во пониските дивизии а од петок па до крајот на сезоната 2017/2018 ќе биде првата жена судија во топ лигите на Германија, Англија, Шпанија, Франција или Италија. Штајнхаус уште чека на првиот меч во Бундес, но затоа судеше во Германскиот Куп и тоа на дуелот Чемницер – Баерн Минхен (0-5) минатата сабота во првата рунда од ова натпреварување и докажа дека може да се носи со најголемите ѕвезди во земјата и пошироко.

Таа имаше интересна ситуација со Франк Рибери кого го потапка по рамото да го опомене зошто ѝ ја одврзал врвката од копачките при местењето на топката за слободен удар.

„Таа е силна, има многу моќ. Беше забавно, таа судеше одлично и беше во добро расположение. Со судиите може да биде забавно, но важно е исто така да има и меѓусебна почит“.

Самата Бибиана Штајнхаус вели дека нејзината промоција во Бундеслига е големо достигнување и награда за нејзината работа, но вели дека нема ништо со феминизмот.

„Никогаш ниту планирав ниту денес планирам и само така учам повеќе. Го правам само тоа што го сакам“

loading...

изјави таа во јули кога Фудбалската Федерација на Германија објави дека и таа е на листата главни судии.

Досега судела околу 80 меча во втората лига од 2011 година а го судела и финалето на женскиот фудбалски турнир на Олимписките Игри во Лондон како и овогодинешното женско финале на Лига на шампиони. Веќе беше и четврти судија во најдобрата лига кога имаше необичен момент со Пеп Гвардиола во 2014-та и кога со поглед му стави до знаење кој е кој.

 

Извор: Офф Нет мк

 

Loading...

ДИСКУСИЈА

Please enter your comment!
Please enter your name here