Почна да се гради македонска црква во Дортмунд

0
54
views
loading...

Г.Г. Стефан во својата беседа потсети, дека во годината во која МПЦ-ОА одбележува две ретки годишнини, десет века од постоењето на охридската црква како Архиепископија и шест децении од нејзиното возобновување како Македонска црква, осветувањето на камен темелникот за нов македонски храм во Дортмунд е уште една радост во Европската епархија на МПЦ-ОА.

Македонските верници во Германија ќе добијат свој православен храм во Дортмунд. Камен темелникот на новата црква посветена на Свети Кирил и Методиј го осветија Архиепископот Стефан заедно со митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј и надлежниот архиереј на Европската епархија, владиката Пимен.

На овој голем ден за македонската дијаспора во Германија присуствуваа голем број верници.

Темелите беа удрени со златна, сребрена и бронзена лопата, кои на јавно наддавање беа купени од тројца донатори.

Македонскиот архиепископ, во својата беседа на верниците им порача дека црквата која почна да се гради ќе значи како да пренеле дел од татковината.

-Секој осветен и поставен камен темелник за православен македонски храм е продлабочување и зацврстување на вековниот темел на нашата света црква. Секое градење на нов храм е надѕидување на нашата древна црква. И без разлика каде и да градиме, всушност ја градиме и надградуваме нашата Охридска и Македонска црква. Зашто, до каде што живеат македонски души и до каде што стигнале и се населиле наши верни чеда до таму е и нашата македонска црква, истакна Г.Г. Стефан.

Mazedonische Kirche Dortmund

Потсети, дека во годината во која МПЦ-ОА одбележува две ретки годишнини, десет века од постоењето на охридската црква како Архиепископија и шест децении од нејзиното возобновување како Македонска црква, осветувањето на камен темелникот за нов македонски храм во Дортмунд е уште една радост во Европската епархија на МПЦ-ОА.

-Овој чин е ваш придонес во прославувањето на овогодинешните јубилеји. Големите настани се одбележуваат со големи дела. Па што друго траело и опстојувало толку и што друго настанало и продолжило да трае како нашата древна Охридска и Македонска црква, рече архиепископот Стефан.

loading...

Црковната општина во Дортмунд е меѓу првите организирани заедници и меѓу првите кои започнаа со свети богослужби и со негување на религиозните традиции.

-Си спомнувам за некогашните посети, пред дваесетина години, по повод патрониот празник како свечено и достоинствено, со молитва а потоа со песна и оро радосно го одбележувавте денот на Светите Кирил и Методиј и другите православни празници. Вие сте меѓу првите кои што купивте храм и меѓу првите што започнувате со градење на нов македонски храм, порача Г.Г.Стефан.

Mazedonische Kirche Dortmund

Пред своите верници се обрати и надлежниот свештеник во црковната општина во Дортмунд, отец Душко Пецов, кој на својот фејсбук профил напиша: „ Овој ден го создаде Господ да се веселиме и радуваме и веселиме во Него и преку градењето на Новата Црква да оставиме белег и сведоштво за постоење на еден свет Македонски православен народ. И за да бидат радостите комплетни тука е секако и Црковната управа, која ми дава безрезервна поддршка, секогаш до мене секако и Вие моето богатство верниот народ од целата околина ,моја сила моја поткрепа, моја надеж”.

Светиот чин беше пренесуван на социјалните мрежи во живо.

МПЦ-ОА има близу стотина храмови и црковни општини меѓу исселените македонци низ светот. Новата црква Св. Кирил и Методиј во Дортмунд е една од низата нови цркви на МПЦ во Европската Епархија, откако нејзиното раководење го презеде митрополитот Пимен.

ГЕРМАНСКИ/DEUTSCH

Loading...