Нов светски рекорд во носење кригли пиво

0
195
views
loading...

На фестивалот во германскиот град Абенсберг (покрај Дунав, југозападно од Регенсбург), келнерот Оливер Штрумпфел носеше 29 едно литерски кригли полни со пиво одеднаш и го сруши сопствениот рекорд, поставувајќи нов светски рекорд.

Германските медиуми објавија дека се обидел да носи 31 кригла одеднаш, но две му паднале во последните секунди. Тие 29 биле доволни за нов светски рекорд.

Учесниците на натпреварот одат 40 метри носејќи до врв полни кригли од еден литар и не смеат да истурат повеќе од 10% од пивото. Вкупната тежина на првичните 31 кригла беше околу 70 килограми.

Извор: Кајгана

Loading...