Ние и Ербас – основците од Лазо Трповски во Топ 10 во Берлин

0
28
views
„Ние и Ербас“ на основците од Лазо Трповски во Топ 10 во Берлин
loading...

На традиционалниот меѓународен училишен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај одржан во Берлин, четвртоодделенците од ООУ „ Лазо Трповски“ освоија награда за својот проект Ние и Ербас.

Под менторство на професорите Елена Угриноска и Стефан Симовски, основците од ова карпошово училиште успешно ја поминаа прелиминарната фаза и се пласираа во најдобрите десет проекти, кои беа изработени и презентирани на овој меѓународен образовен турнир.

Натпреварот беше организиран од Сојузното германско здружение за воздушна и вселенска индустрија од Берлин во соработка со Сојузното министерство за економија и енергија на Германија, Сојузното министерство за образование и истражување на Германија, како и на „ Луфтханза Техник АД“, и концернот ЕАДС ( во чиј состав влегува и познатиот производител на патнички авиони Ербас).

Заблагодарувајќи им се за прекрасниот научен проект на основците од Општина Карпош, раководителот на проектот Тим. Е Бранд истакна дека проектот е фантастичен и е плод на тимска работа во која е вклучен многу труд, вештини и интелигенција. Пласманот на учениците од ОУ „Лазо Трповски“, е одлука на деветчлено реномирано жири и е потврда за исклучителниот успех кој нашите ученици го постигнаа на овој респектиран меѓународен училишен натпревар.

 

ИЗВОР: ПЛУСИНФО

Loading...