Несекојдневна потера во Германија: Два кенгури избегале – еден се “степал” со полицијата

0
40
views
loading...

Полицијата рано во саботата добила дојава дека кенгур бил забележан на автопатот во близина на северниот град Олденбург.

Избеганиот кенгур буквално се “степал” со германската полиција пред да му биде вратен на сопственикот, соопштуваат властите.

Полицајците кои отишле на местото биле принудени физички да го совладаат силното животно. Кенгурот во битката бил полесно повреден и на крајот вратен на сопственикот, велат од полицијата.

Од дома избегал на 28-ми јули заедно со уште еден кенгур кој бил фатен истиот ден, пренесува Independent.

loading...