„Немирен“ азилант од Македонија вратен со комбе од Германија

0
79
views
Polizei VW Bus Blaulicht
Loading...

Македонски државјанин чие барање за азил било одбиено и кој ги исцрпил сите правни средства за да може да остане во Германија бил вратен во Македонија со комбе.

Азилантото бил вратен од Дизелдорф во комбе марка Фолксваген пишуваат дел од германските медиуми што е неообичаена постапка за германските власти кои најчесто користат авионски превоз за депортација на одбиени баратели на азил.

На патот долг околу 2000 километри тој бил придружуван од двајца полицајци и еден службеник и агенцијата за миграција. Министерството за интеграција на покраината Северна Рајна Вестфалија го потврдила случајот и објаснила дека ваков вид на транспорт се организира кога постојат здравствени причини или пак протераниот азилант дава отпор да се качи на авион или сам да се врати дома.

Со оглед на тоа што во придружата на овој македонски азилант имало двајца полицајци се работи за случај на „немирен“ човек кој давал отпор при враќањето во матичната земја.

Loading...