Најмногу пиво се произведува во Германија, а најголем извозник е Холандија

0
60
views
loading...

Во Европа најмногу пиво се произведува во Германија, а најголем извозник е Холандија. Германија лани произвела 8,3 милијарди литри пиво, или 21 отсто од вкупната количина во ЕУ.

Со други зборови, секое петто пиво произведено во ЕУ е од Германија.
Зад Германија следи Британија со 13.1 отсто, потоа Полска со 10 отсто, Шпанија со 9 отсто, Холандија со 7 отсто и Белгија со 6 отсто.

Лани Холандија извезла 1,9 милијарди литри пиво.

За увоз омилено е пивото од Мексико. Во 2016 година во ЕУ увезени се 179,5 милијарди литри мексиканско пиво.

Loading...