Миркуловски најдобар во завршницата, Талески и Левен убедливи против Минден

0
45
views
Filip Mirkulovski
loading...

Македонските ракометари Филип Миркуловски и Филип Талески вечерва имаа настапи со своите Вецлар и Рајн Некар Левен во Бундеслигата со тоа што популарниот Жути со пријателите одигра нерешено против Хутенберг (23-23), а пак крушевчанецот се радуваше на триумф над Минден од 37-22.

Миркуловски беше најдобар поединец на својата екипа во завршницата, постигна два гола во последните седум минути, ама тоа не се покажа како доволно за триумф во „Ритал Арена“.

Искусниот бек средбата ја заврши со три погодоци од пет обиди, плус запиша и две асистенции.

Талески пак беше перфектен против Минден и даде еден гол од еден обид во шоуто на „лавовите“ против Минден и триумфот од 15 разлика. Шмид со 9 и Толбринг со 8 гола беа најдобри во победничкиот табор.

ГЕРМАНСКИ

Loading...

ДИСКУСИЈА

Please enter your comment!
Please enter your name here