Миркуловски и Вецлар ја почнаа Бундеслигата со убедлив триумф

0
41
views
loading...

Македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски и неговата екипа Вецлар ја почнаа германската Бундеслига со убедлив триумф над екипата на Гумерсбах (33-22).

Вецлар играше доста променливо во првото полувреме и на пауза замина со два гола позитива (16-14), но далеку подобрата одбрана во второто полувреме, потпомогната од ефикасен напад, донесе сигурен двоцифрен триумф.

Миркуловски на натпреварот постигна еден гол од вкупно три обида, додека најефикасен беше Бјорнсен, со 10 гола од 11 обида. Кај Гумерсбах најмногу се истакна Фон Грухала со пет гола.

Gol.mk

Loading...