Македонските возачки дозволи и натаму непризнати во Германија

0
194
views
Mazedonischer Führerschein
loading...

Иако на почеток на годината беше најавено од Владата дека ќе се потпише договор за заемно и реципрочно признавање на возачките дозволи меѓу Македонија и Германија, тоа сѐ уште се нема случено.

Од страна на Министерството за внатрешни работи потенцираа дека од страна на германските колеги биле побарани технички корекции на самиот Закон за безбедност во сообраќајот на патиштата. Премиерот Зоран Заев при неговата средба со германската канцеларка Ангела Меркел во февруари, во интервју за „Дојче веле“ изјави дека забелешките од германските власти биле од техничка, а не од суштинска природа.

Бараните измени и дополнувања на Законот за сообраќај на патиштата поминаа вчера во собраниска процедура. Следен чекор би требало да биде усогласување на терминот за потпишување на договорот за заемно и реципрочно признавање на возачките дозволи, при што од Министерството за внатрешни работи за „Независен весник“ велат дека овој процес е во завршна фаза.

„Постапката за постигнување договор за реципрочно признавање на возачките дозволи меѓу Македонија и Германија е во завршна фаза. Кога ќе биде постигнат, јавноста ќе биде веднаш известена“, соопштија од МВР.

Меѓутоа, граѓаните на Македонија што живеат и работат во Германија се револтирани и очекуваат експресно решение бидејќи вака губат доверба во нашите институции. Тие одамна покренаа петиција како дополнителен притисок за договор меѓу Скопје и Берлин за признавање на дозволите. На неа беа собрани над 42.000 потписи, кои само сведочат за големината на самиот проблем.

Александар Бузлески е еден од организаторите на петицијата, кој живее и работи во Германија. Тој вели дека иселениците плаќаат високи казни ако возат само со македонска дозвола. Бузлески апелира до надлежните институции што е можно побрзо да го решат овој проблем.

„Македонските државјани што живеат во Германија (чиј вкупен број надминува 100.000) немаат друга опција освен да веруваат и да се надеваат во ветувањата што ги даваат македонските официјални институции. Сепак, би апелирал уште еднаш до нашите надлежни институции да направат максимални напори во насока на дефинитивно решавање на проблемот бидејќи ситуацијата кај нашинците тука во Германија е крајно напната и за нив ова е екстремно голем хендикеп“, истакна Бузлески.

Според Бузлески, државјаните на Србија со десетпати помала петиција им укажаа на нивните власти за апсурдноста на овој проблем и кон крајот на февруари 2017 година издејствуваа потпишување на договорот за заемно и реципрочно признавање на возачките дозволи меѓу Србија и Германија.

Неофицијално висината на првата казна за возење со непризната дозвола во Германија изнесува 600 евра, но доколку возачот е запрен од германската полиција вторпат тогаш казнета се зголемува до 1.400 евра, а следува и таканаречен „идиот-тест“ како потврда за психичката стабилност на возачот.

loading...

Македонските државјани што живеат и работат во Германија се надеваат на брзо решавање на проблемот кој им претставува дополнителен трошок или, пак, напор за повторно полагање за возачка дозвола пред германските власти.

Извор: Nezavisen.mk

ГЕРМАНСКИ: Debatte um Anerkennung Mazedonischer Führerscheine in Deutschland abgeflacht

Loading...