Македонката Михаилова во топ 10 на шоуто „Германија бара суперѕвезда“

0
159
views
Емилија Михаилова
loading...

Емилија Михаилова, Македонка од Швајцарија, се проби меѓу десетте најдобри во 15. сезона од шоуто „Германија бара суперѕвезда“ на телевизијата РТЛ.

За нејзиниот дел од изведбата во дуетот со Јанина ел Аргуи на хитот „No roots“ на Алис Мертон во вчерашното издание на шоуто 29-годишната стоматолошка секретарка што работи и како фотомодел доби низа комплименти од жирито.

„Морам да ти признаам дека ова беше најголемото изненадување во мојот живот. Емилија, ти си навистина храбра. Имаше многу убав настап, најдобар досега.

Навистина, навистина добро ‘продадено’. Не можам да верувам дека од тебе може да произлезе такво нешто“, ја пофали Македонката од Роршах кај Сент Гален шефот на жирито Дитер Болен пред 500 гледачи во мини амфитеатарот во Јужна Африка, каде што беше снимена епизодата од шоутот емитувана синоќа на РТЛ.

„Мега перформанс. Врвно направено“, „И многу убаво испеано“, „Африканското сонце добро ти делува? Зрачиш и имаш огромна самодоверба“, беа коментарите од останатите членови на жирито за девојката родена во Швајцарија, чии родители се доселени од Македонија, за која таа во интервју за швајцарскиот весник „Tагблат“ ќе рече: „Македонија е мојата татковина и редовно ја посетувам“.

DEUTSCH

Loading...