Лудо, полудо, ноќевања во Германија

0
147
views
loading...

Полупансион со волци? Или во куфер? Нешто де, малку повеќе од обично ноќевање со појадок.

Најнеобични хотели од Алпите до Балтичко Море:

Спиење во уметничко дело (слика на чело)
Берлинскиот хотел Propeller Island е уметничко дело на Ларс Штрошен, во кој секоја соба е различна, со различна музика, па има кревет што лебди, соба со многу агли и огледала, соба во која мебелот виси од таванот.

Железничка романтика
60 километри од Берлин пак се наоѓаат вагони за преноќување, за 25 гости. Си има кревети, гарнитура за седење и бања.

Ноќевање во куфер – или во „куфтел“
Веројатно најмалиот хотел во свет. Всушност се работи за кабина за спиење во облик на куфер, широк 1,5 метри а долг три метри. Ноќевање во своја вреќа за спиење е 15 евра. Годишно има 500 гости.

До вас спијат волци
Ноќевање во хотелот Tree Inn се во крошни на стебла кои се во шума што е дел од резерват на волци. Значи има волци, ама има и мини-бар и џакузи во хотелот.

ИЗВОР: on.net.mk

Loading...