Како изгледа музејот на Volkswagen

0
107
views
Loading...

Изградбата на комплексот траеше две години и во него се инвестирани околу половина милијарда евра. Досега во Autostadt биле над 35 милиони посетители од целиот свет. Има вкупно 250 важни историски модели од над 60 марки.

Комплексот Autostadt е лоциран крај најдолгиот вештачки пловен канал во Германија, меѓу центарот на Волфсбург и фабриките на Volkswagen. Зградите изградени на теренот со површина од 280 хектари, се во стилот на модерната архитектура и одлично се вклопуваат во пејзажот.

Поради огромните димензии Autostadt се приклучува кон најголемите забавни паркови во Европа. Идејата на комплексот е да служи како комуникациска платформа помеѓу различните марки на концернот и неговите клиенти – сегашни и идни.

loading...

Уникатната комбинација од историски и актуелни модели на VW е постојано сцена на бројни културни настани како изложби и концерти. Autostadt е отворен во 2000 година во рамките на светската изложба во Хановер. Изградбата на комплексот траеше две години и во него се инвестирани околу половина милијарда евра.

На територијата на паркот се наоѓа хотел со пет ѕвездички Ritz Carlton Wolfsburg, чиј луксузен ентериер е дело на познатата француска дизајнерка Андре Потман. Сите марки на концернот имаат свои изложбени павилјони: Audi, Lamborghini, Seat, Škoda, Porsche, Volkswagen, Bugatti, Bentley и Volkswagen комерцијални возила. Интересни се, исто така, мноштвото уметнички инсталации како тунелот на мирисите на Данецот Олафур Елиасон, долг 15 метри и изграден од 2160 саксии со цвеќиња.

Досега во Autostadt биле над 35 милиони посетители од целиот свет. Многу од нив доаѓаат тука за да добијат лично својот претходно порачан нов автомобил.
Комплексот работи секој ден освен за Бадник (во декември) и Нова Година. Во т.н.. Форум е покажана на уникатен начин историјата на возилата. Специјални секции ги покажуваат деталите од автомобилското производство, процесите на обликување на дизајнот или аспекти на екологијата и мобилноста.

Во т.н.. ZeitHaus, или „Куќата на времето“, се прикажани значајни и ретки автомобилски класици, и тоа не само од сопствената историја на концернот: има вкупно 250 важни историски модели од над 60 марки. Центарот за клиенти е најголемиот во светот изложбен салон за предавање на автомобили. Новите примероци се наредени во 20-те транспарентни кули од стакло, со 400 автомобили во секоја. Тие ги чуваат возилата кои ќе бидат предадени на своите купувачи во следните неколку дена. Штом клиентот се појави, автоматски систем транспортира соодветниот автомобил до салата за пренос.

ИЗВОР и повеќе слики на авто24.мк

Loading...