Израелски и германски авион се судрија во Тел Авив

0
259
views
loading...

Авион „Боинг 737“ на германската авиокомпанија „Германија“ пред полетувањето од меѓународниот аеродром „Бен Гурион“ крај Тел Авив се судрил со авион на израелската „Ел Ал“. Патниците од двата авиона биле пренесени на безбедно и меѓу нив немало повредени, соопшти израелската аеродромска администрација.

За овој инцидент веднаш била отворена истрага, а авионите нема да летаат додека истата не заврши.

Авионот на „Ел Ал“ трабало да полета кон Рим, додека германскиот авион за Берлин. Се проценува дека материјалната штета на двата авиона е голема. Според првичните информации, лице одговорно за инцидентот е возач кој го водел германскиот авион од терминалот кон пистата, соопштија израелските медиуми.

Loading...

ДИСКУСИЈА

Please enter your comment!
Please enter your name here