Значително помалку баратели на азил од Македонија во Германија

0
73
views
Passkontrolle an Grenze
loading...

Минатата година биле поднесени само 11.111 барања за азил во Германија од Македонија, Босна и Херцеговина и Србија заедно, што е намалување за околу една четвртина во однос на 2014 година, а позитивно биле решени само 138 апликации.

Уште позначителен пад на бројот на азиланти е регистриран од Албанија, Косово и Црна Гора, од кои лани во Германија поднеле барање 9.222 лица или една десеттина во однос на 2015 година, а од нив засолниште во оваа земја добиле 264 лица.

Намалените бројки се должат на означувањето на државите од Западен Балкан за „безбедни земји на потекло“ уште пред три-четири години.

Околу 540.000 луѓе лани добиле азил во Европска унија, а дури 60 проценти од позитивните одлуки биле донесени од Германија. Во споредба со 2016 година, тоа е намалување за 25 отсто.

Околу една третина од признатите азиланти се од Сирија (175.800 лица), втор е Авганистан со 19 отсто (100.700), трет Ирак со 12 отсто (64.300), следуваат Еритреја и Иран со по пет отсто итн.

Според Европска статистичка канцеларија од Луксембург, Германија лани прифатила вкупно 325.400 лица од 538.000 што добиле азил во ЕУ, што значи дека „локомотивата на Европа“ примила повеќе бегалци отколку сите други 27 членки на Унијата заедно.

Далеку помал број позитивни одлуки за барањата за азил донеле Франција (40.600), Италија (35.100), Австрија (33.925), Шведска (31.235), а на дното се Словачка (60), Естонија (95) и Чешка (145).

Loading...