Десничарската АфД најголем победник на изборите во Германија

0
104
views
Alternative für Deutschland
Loading...

Алтернатива за Германија (AfD) освои околу 13 отсто од гласовите на националните избори во неделата, со што антимигрантската и антиисламската партија претставуваат најголемата политичка реформа.

Во продолжение дознајте нешто повеќе за првата екстремно десничарска фракција што зазеде место во Бундестагот.

Од каде доаѓа Алтернатива за Германија?

Најмладата партија во парламентот, Алтернатива за Германија, беше основана во 2013 година како движење против еврото и освои 4,7 отсто од националните избори таа година, што е помалку од маргината од 5 отсто потребна за освојување места во Бундестагот. По соборувањето на партиската насока, справувањето на Меркел со бегалската криза во 2015 година ја спаси партијата од дезинтеграција. Резултатите од изборите не се изненадување: Алтернатива за Германија освои места во 13 од 16. државни законодавни тела во Германија, вклучувајќи и 24,3 отсто од гласовите во источниот регион Саксонија Анхалт минатата година.

loading...

Што сака таа?

Платформата на партијата повикува на итно затворање на границите на Германија за запирање на „нерегулираната масовна имиграција“, вклучувајќи и многу „неписмени“ што не би можеле да бидат интегрирани во општеството. Партијата сака политиката за либералниот политички азил да му служи на националниот интерес, се залага за референдум за напуштање на еврото и враќање на германската марка и да се укинат економските санкции против Русија. ЕУ треба да биде организирана повеќе како клуб на суверени држави, а германската култура мора да биде заштитена од „исламизација“, смета Алтернатива за Германија.

Што значи тоа за политичкиот систем во Германија?

Успехот на Алтернатива за Германија, во комбинација со резултатот на антикапиталистичката партија на левицата, значи дека еден од пет гласачи ги поддржа овие политички партии. Сепак, сите партии велат дека нема да влезат во партнерство со Алтернатива за Германија. Засега, најверојатна опција за Меркел е да ги побара Слободните демократи или Партијата на зелените како партнери за следна влада, откако Социјалдемократската партија рече дека сака да влезе во опозиција.

Каква сила има сега Алтернатива за Германија?

Парламентарните места на Алтернатива за Германија им обезбедуваат пристап на нејзините членови до чувствителни информации кои се разгледуваат зад затворени врати во комисиите, вклучувајќи го и собирањето разузнавачки информации и финансиска политика. Партијата планира да побара парламентарна истрага за справувањето на Меркел со бегалската криза, која би траела со месеци, а ја вклучува и моќта за барање сведочење. Влијанието се проширува и понатаму во општеството: на пратениците традиционално им се дадени места во надзорните одбори на одредени институции. Како и другите партии во парламентот, Алтернатива за Германија е квалификувана за средствата од федералните кампањи.

Кои се нејзините лидери?

Врз основа на проекциите, повеќе од 80 члена од Алтернатива за Германија ќе имаат места во Бундестагот во наредните четири години. Повеќето од пратениците, вклучувајќи го и Галанд, се повлекле од Христијанско-демократската унија на Меркел, додека другите првенствено доаѓаат од Слободните демократи и социјалдемократите.

Loading...

ДИСКУСИЈА

Please enter your comment!
Please enter your name here