Рецепт: Германски Мини Палачинки

0
65
views
loading...

Самата помисла на палачинки многу од нас не враќа во нашето детство, кога нашите мајки и баби ги мачкаа со џем и ореви.

Моментално популарните Американски палачинки, исто така стекнаа многу обожаватели, но сега дојде ред на германската верзија на овој познат десерт.

Покрај тоа што е вкусен , можете да го филувате со омилениот чоколаден крем, џем, мармалад по желба.

Германски палачинки

 

Состојки :

– 1 чаша (2 дл) на млеко

– 6 јајца

– 1 чаша брашно

loading...

– 1 кесичка ванилин шеќер

– ½ лажичка сол

– 1 лажичка екстракт од ванила

– ¼ чаша стопен путер

– Џем / крем / мармалад по желба

– Шеќер

Загрејте ја рерната на 200 степени. Изматете го со миксер путерот, а потоа постепено додадете ги јајцата едно по едно и една кеса ванилин шеќер и екстракт од ванила. На крај, додадете брашно и млеко и се мешајте добро, додека не се добие компактна смеса.

Подгответе го плехот за мафини кој претходно е добро подмачкан и прелијте го тестото за палачинки. Се пече околу 15 минути, извадете го од калапот кога ќе добие убава златна боја. Филот е ваша желба. Уживајте !

Loading...