Германски касап пласира пијалаци од месо

0
92
views
loading...

Германскиот касап Петер Kлас пласира на пазарот пијалаци од месо, соопшти Die Welt. Производот ќе излезе на пазарот во септември во Германија. Клас тврди дека веќе склучил соодветни договори со производители во Луксембург, Белгија и Франција.

“Гледаме голем интерес. Такво нешто не постои “, рече месарот, кој веќе има дадено барање за меѓународен патент на производ.

Во моментов тој создал пијалок со три вкуса: “Стек”, “Бомбајско говедско” и “Кралска кокошка”.

Пијалакот се прави откако месото ќе се свари заедно со зеленчук, а потоа се вари со пире до конзистенција на какаото. Потоа течноста се дели во шишиња и се стилизира.

loading...

Според 55-годишниот пронаоѓач така изладениот пијалок може да се чува цела година. Тој смета дека добиената супстанца е погодна за армијата и за хуманитарна помош.

Клас го развивал рецептот во текот на три години заедно со својот син Филип и готвачот Штефан Кимел. “Ќе има многу приврзаници, но ќе има и многу противници, за кои идејата да се пие месо ќе е едноставно одвратна”, изјави месарот.

loading...

ДИСКУСИЈА

Please enter your comment!
Please enter your name here