„Германски делириум за Македонија“, Атина не дава македонски идентитет

0
141
views
loading...

Партијата “Независни Грци“ (АНЕЛ) која што е дел од грчката владина коалиција заедно со СИРИЗА на премиерот Ципрас како директен анти – хеленистички делириум го доживеала последниот текст на германскиот весник Шпигел за Македонија.

„Неодамнешниот текст на онлајн верзијата на наводно влијателниот германски весник Шпигел кој објавува изјави на надвпрешниот министер на Скопје Никола Димитров, е целосно неточен, се вели во реакцијата на АНЕЛ.

Според партнерите на Ципрас во владата текстот е целосно дискриминаторски и намерно малициозен на сметка на Грција. Според АНЕЛ се работи за психолошка делузија која што може да се категоризира како директно антихеленски напад а авторот не сторил ништо повеќе од прифаќање на неинформираните позиции на Скопје, се вели во партиската изјава на грчката партија дадена од портпаролката Магдалена Пападопулу.

“Затоа ние сакаме да одговориме. Историското име Македонија и припаѓа на Грција и секој обид на Скопје да го одземе нема да биде толериран. Шпигел мора да запре да шири пропаганда во интерес на Скопје а на сметка на Грција, односно со други зборови, мора да го промени текстот“, се вели во изјавата на АНЕЛ.

Лидерот на оваа партија Панос Каменос кој што е и министер за одбрана во неколку наврати предходно се закани дека ако СИРИЗА се согласи со позициите на Македонија решението на спорот за името да ги задоволи барањата за националните и идентитетските прашања неговата партија ќе ја напушти владата на премиерот Ципрас.

Македонија беше проблематичното дете на Балкан, сега новата влада сака да ја демократизира земјата. Гигантска задача, постојано торпедирана од соседот, Грција, напиша во петокот германски Шпигел.

Во подолгиот текст авторот Кено Ферзек во Шпигел ја анализира најновата ситуација во Македонија по државната криза, пренесе Дојче Веле на македонски јазик.

„До неодамна Македонија беше кризна држава. Под водството на премиерот Никола Груевски, кој ја контролираше од 2006. до пролетта годинава, Македонија се лизгаше во авторитарност и национализам. Изборни измами, корупциски афери и режирани етнички конфликти меѓу Македонците и албанското малцинство во изминатите три години, во земјата доведоа до тешка државна криза и повеќекратни насилни конфликти. Новата влада е на власт од пред сто дена… Таа се обидува со брзо темпо да ја реформира земјата“, констатира Шпигел, пренесувајќи ги зборовите од интервјуто со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров:

„Очекувањата и надежите на македонското општество се многу високи. Успеавме да обезбедиме втора шанса за Македонија за изградба на вистинска европска демократија. Мораме да ја искористиме историската прилика. “

loading...

Шпигел потсетува дека тој со недели патува низ Европа и кај колегите-дипломати агитира за поддршка, меѓу другото и во Берлин.

„Таа на Македонија ѝ е исклучително неопходна, зашто владата на премиерот Зоран Заев се наоѓа пред екстремно тешка мисија. Таа мора да ги реши кнфликтите со соседите; итните проблеми и барања на албанското малцинство; да се справи со нападите на македонските националисти; да најде излез од економската и социјалната мизерија на земјата.“

Најчувствителен проблем за Македонија е деценискиот конфликт со соседите, посебно со Грција, пишува Шпигел, потсетувајќи на историјатот на спорот за името и истакнувајќи дека новата влада презема иницијативи за негово решавање и прием во НАТО под привремената референца ПЈРМ, иако досега без голем успех.

„Не сакаме нова рунда префрлување на вината, вели македонскиот министер Димитров, но мора да смееме да бидеме она што сме – Македонци. Не бараме ништо што не ни припаѓа, но не смее да се очекува од нас да се откажеме од нашата душа и гордост…

Но, политикологот Јоанис Армаколас од Универзитетот Македонија во Солун не верува во скоро решавање на конфликтот, јавноста во двете земји уште не е спремна за прифаќање на ‘болен компромис’ за двете страни, зашто:

‘Во Македонија грчката позиција долго време служеше како изговор за сите тешкотии, но првенствено, кај грчката јавност не постои желба за разбирање на позицијата на соседот на Балкан’, “ пишува Шпигел.

Loading...