Германија: 13 годишно момче откри богатство на Викинзите

0
96
views
Rügen Silberschatz
loading...

Археолози на германскиот остров Риген во Балтичкото Море пронашле закопани сребрени монети и накит кои датираат од десетиот век, односно од периодот поврзан со владеењето на данскиот крал Харалд Громсон.

Како што соопштија германските медиуми една монета прво пронашле двајца археолози аматери, 13 годишно момче и неговиот учител, со помош на детектор.

Откако виделе дека се работи за стара сребрена монета, веднаш ги известиле надлежните институции.

Rügen Silberschatz

Монетата била пронајдена во јануари во селото Шпроде, а потоа се вклучила и државната археолошка канцеларија, чии стручњаци минатиот викенд успејаа да ги ископаат сите вредни артефакти.

Според археолозите околу сто сребрени монети потекнуваат од периодот на владеењето на Харалд Громсон, познат како Харалд Синозабиот, владеел од 958 до 986 ​​година и го вовел христијанството во Данска.

Неговото кралство се протегало на територијата на денешна Данска, јужна Шведска, делови од Норвешка и северна Германија.

Како јавуваат германските медиуми, момчето нема да добие награда за откривањето на богатството.

Loading...

ДИСКУСИЈА

Please enter your comment!
Please enter your name here