Германија ќе и врати на Грција 416 милиони евра

0
44
views
loading...

Сумата се однесува на добивки од каматите за грчките обврзници кои ги има „Бундесбанк“ (Централна банка на Германија).

Берлин е подготвен да и врати на Грција 416,7 милиони евра, објави германскиот весник „Билд“.

Сумата се однесува на добивки од каматите за грчките обврзници кои ги има „Бундесбанк“ (Централна банка на Германија).

Весникот тврди дека сумата е предвидена во буџетот на Германија за 2017 година. Враќањето на тие средства треба да биде одобрено од Бундестагот.

– Атина може да се надева на стотици милиони евра добивка од камати на грчките обврзници, кои ги има Централна банка на Германија, но затоа неопходно е „зелено светло“ од германскиот Парламент, како и успешно завршување на третата консолидациска програма за Грција – истакнува „Билд“.

Loading...