Германија се крена против англискиот јазик во рестораните

0
112
views
loading...

Зголемениот број на ресторани во Берлин кои го усвоија англискиот за официјален, безмалку исфрлајќи го од употреба германскиот јазик, предизвика револт кај многумина Германци, по што се огласија и тамошните политичари, пренесува британски „Индепендент“.

Заменик-министерот за финансии Јенс Спан јавно изрази незадоволство од честата употреба на англискиот во Германија, особено осврнувајќи се на луѓето кои работат во неговата држава, без да знаат германски.

– Ме лути што келнерите во Берлин зборуваат единствено англиски. Соживотот може да функционира единствено ако сите зборуваме германски. Треба и мора да го очекуваме ова од сите мигранти – кажа Спан за локалните медиуми, додавајќи дека „ваквата глупост не би можела да се случи во Париз“.

Квалитетната настава по англиски е дел од германскиот образовен систем, со што децата почнуваат да го изучуваат во основно училиште и од нив се очекува добро познавање.

Во птмените делови на Берлин живеат голем број на доселеници од САД и од Англија, со што голем број од рестораните вработуваат пресонал од европските земји, кој зборува англиски.

Новинар на германскиот весник „Тагешпигел“ неодмна пишуваше за неговото искуство во одреден ресторан, каде што ниту еден од четворицата келнери не зборувал германски.

– Не треба да ви биде непријатно во Берлин, ако не знаете добро да зборувате англиски – се наведува во написот.

Германската влада донесе одлука според која сите баратели на азил мораат да имаат познавање на германскиот јазик, но тоа не важи за граѓаните на земјите од Европската Унија.

Loading...