Германија од пет земји бара да го признаат Косово

0
185
views
Deutschland Fahne
loading...

Германија врши притисок врз пет земји од ЕУ да го признаат Косово – пишува приштинскиот весник „Епока“.

Поранешниот претседател на Романија, Трајан Басеску изјави за романските медиуми дека Германија врши притисок пет земји на ЕУ кои не го признале Косово, тоа да го сторат што поскоро.

„Романија неможе да ја признае независноста на Косово и покрај ветувањата кои што Германија им ги дала на косовските лидери. Тоа би бил страшен удар за Молдавија, имајќи предвид дека ситуацијата во Трансдњестер е слична со онаа на Косово“, изјавил Басеску.

Извор: Макфакс

Loading...