Германија не знае што да прави со парите, рекорден суфицит од 18,3 милијарди евра

0
189
views
Euro Scheine auf der Wäscheleine
loading...

Силниот економски раст и историски поволната состојба на пазарот на работна сила ја донесоа Германија до рекорден суфицит во првото полугодие од 2017 година.

Сојузните држави, покраините, општините, социјалните фондови, кога ќе се стави знак еднакво, оствариле приходи од 18,3 милијарди повеќе од она што го потрошиле, пишува „Шпигел“ после соопштението на Сојузниот завод за статистика. Иако од државната каса на сметките на енергетските компании отишле 7,1 милијарди евра откако Уставниот суд одлучил дека државата незаконски наплаќала данок на нуклеарно гориво.

Од обединувањето на Германија ваков суфицит не е забележан. Сепак, во 2000 година суфицитот изнесуваше 28,8 милијарди евра, но тој плус речиси целиот потекнуваше од тендерите за користење на фреквенциите на мобилните телефони.

Инаку, Германија од 2014 година бележи само суфицит во буџетот.

Loading...