Во Германија украдени 20 тони Нутела и Киндер јајца

0
70
views
loading...

Дури дваесет тони Нутела во вредност од 70.000 евра се украдени во Германија, јави германската полиција.

Необичната кражба се случила во градот Нојштад, каде крадците успеале да украдат камион кој го превезувал чоколадниот намаз, кој го имале во вкупно 1000 пакувања. Освен Нутела во камионот имало и Киндер јајца и други кондиторски производи.

„Доколку ви бидат понудени големи количини Нутела преку неофицијални канали, вел молиме веднаш да јавите в полиција,“ се наведува во соопштението на полицијата во Нојштад. Оттаму велат дека се уште се истражуваат сите детали на инцидентот, но не е јасно дали метата на крадците бил чоколадниот намаз или камионот.

Ова не е прв ваков случај. Во 2013 година беа украдени 5 тони Нутела исто така во Германија, во градот Нидерола.

Loading...