Вонредна состојба во делови од Германија поради бурата Херварт

0
6
views
loading...

Запрени возови, урнати скелиња, поплавени улици, стотици интервенции на противпожарните служби: бурата Херварт остави траги во Германија.

Бурата „Херварт“ предизвика големи штети особено во северниот и источниот дел на Германија. Железничкиот сообраќај е во голем дел запрен. Во некои покраини речиси и немаше возови, соопшти портпарол на Германската железница. Погодени беа практично сите линии во покраините Шлезвиг Холштајн, Долна Саксонија, Хамбург, Мекленбург Предна Померанија, Саксонија, Саксонија Анхалт и Тирингија.

Таблата на една од железничките станици во Берлин покажува дека сите возови отпаѓаат

Противпожарните единици јавуваат за стотици барања за интервенции. Само во Хамбург имало околу 550 интервенции и тоа главно за отстранување паднати дрвја од улиците, од куќите или автомобилите. На пристаништето во Хамбург реката Елба се прелеа и има опасност од поплавување на гаражи во близина на филхармонијата.
Во Дортмунд, Билефелд и Хам железницата стави на располагање возови за преноќевање. Таму патниците чии возовови не можеа да продолжат кон север смеат да престојуваат и во текот на денот.

Бурата Херварт, според наводи на Германската метеоролошка служба (ДВД), денеска ќе ја добие најголемата сила. На Северното Море се очекува ветер со брзина од 120 километри на час. Постои опасност од големи поплави.

Loading...

ДИСКУСИЈА

Please enter your comment!
Please enter your name here