„Бе-ем-ве“ подготвува капсула за превоз на патници што ќе се движи со 1.080 км на час

0
163
views
loading...

Германската компанија „Бе-ем-ве“ дизајнира капсула што ќе превезува патници со брзина до 1.080 километри на час.

На манифестацијата „Месец на иновации“ во Дубаи неодамна беше претставена патничката капсула што ќе сообраќа на релација Дубаи – Абу Даби, а патувањето ќе трае само 12 минути.

За споредба, патувањето со воз на истата релација трае околу два часа, со автомобил, доколку брзо се вози – околу еден час, а со авион – 15 минути.

Прототипот на капсулата првпат беше прикажан пред пошироката јавност на манифестацијата во Дубаи.

Се работи за „хајперлуп“ (Hyperloop) транспортен систем што го развива „Дизајн воркс“, фирмата-ќерка на „Бе-ем-ве“ заедно со компанијата „Вирџин хајперлуп уан“, стои во соопштението објавено на страницата на германската компанија.

Loading...