Американка шокирана од родители германци

0
492
views
loading...

Како Американка во Германија, кога првпат отидов на игралиште во Берлин, сосема полудев. Германските родители стоеја сите заедно, пиеја кафе и си разговараа не обрнувајќи внимание на нивните деца кои висеа од превисоко јаже за качување над една јама со песок. Бев во шок и се прашував каде исчезнаа сите гумени подлоги, предупредувања за опасностите и слични работи.

На лош германски, сета преплашена, звучев речиси како да плачам додека викав: „пази“ и „немој“! Наспроти стереотипите за нивната строгост, германските родители не се строги. Тие се свесни за големото значење на развојот на независност и одговорност кај децата.

Тие родители во паркот не ги игнорираа своите деца; тие во нив имаа доверба. На Берлин не му требаат никакви движења и трибини за „слободно родителство“ затоа што таквото родителство е таму норма.

Еве неколку изненадувачки работи кои ги прават берлинските родители.

Не го форсираат читањето

Во берлинските градинки нема никакви академски очекувања од децата. Всушност, наставниците и останатите родители дури и ме обесхрабруваа да ги учам моите деца да читаат. Кажано ми е дека е тоа нешто што децата посебно го учат, но дури кога ќе тргнат на училиште. Градинката е време за игра и развој на друштвени вештини. Меѓутоа, дури и во прво одделение, нема притисок и преголеми очекувања. Сѐ тече лесно и опуштено. Дури и во училиштата е предвидено децата да поминат надвор два часа!

Сепак, овој опуштен пристап не значи лошо образование. Според проценките од 2012.од страна на Организацијата за економска соработка и развој, германски 15-годишник е над меѓународниот просек кога станува збор за читање, математика и наука, додека зад нив значително заостануваат нивните американски врсници кои се под поголем притисок и од родителите и од страна на училиштето.

Ги поттикнуваат децата да си играат со оган

Нормална работа е децата да добијат да работат проект за пожар. И тогаш им дозволуваат да палат свеќи, кибрити и други работи. Тоа е супер, но само затоа што и јас бев вклучена во проектот на моето дете. И да, секако дека е таа единственото дете на кое не му е дозволено само да пали огномет во новогодишната ноќ.

Ги пуштаат децата речиси секаде да одат сами

Повеќето деца одат сами во училиште, но и на сите други обврски кои ги имаат во рамките на својата населба. Некои дури и метро користат. Германските родители се загрижени за безбедноста, секако, но обично се фокусираат на сообраќајот, а не на киднапирање.

Фактите се изгледа на страна на Германците. Киднапирањата во Америка се исклучително ретки. А движењето на децата без родителски надзор е за нив многу корисно, велат стручњаците.

Прават журки пред поаѓање во училиште

loading...

Берлинските родители ми објаснија дека тие слават три големи денови, поаѓање во училиште, 14.роденден и венчавка. Тогаш се журките неизбежни.

Журката во училиште пред поаѓање во прво одделение е голем настан и сите деца желно го очекуваат. Обично е во сабота и сите деца добиваат прекрасни подарок пакети во кои има сѐ – од прибор, колачи па сѐ до рачни часовници. Тоа е нешто на што децата му се радуваат со години. Веднаш подле таа журка во училиштето, прославата продолжува дома, за пријателите и роднините, Еуфоријата укажува на тоа дека пред нив е голема промена во животот, но треба и да ги мотивираат на учење.

Журката за 14.роденден е исто така голема свеченост, и ја одбележува симболично втората фаза од детството и уште една голема промена во животот.

Ги пуштаат децата надвор секој ден

Тука важи она дека „не постои лошо време, туку само несоодветна облека“. Вредноста од престојувањето на отворено е поважна од секое лошо време. Колку и да е сиво и ладно во Берлин, а знае да биде многу често така, децата одат надвор. И кога се во градинките и кога се дома. Затоа и има толку паркови за деца во овој град.

Се трудам да се опуштам и да прифатам некои од нивните обичаи. Направив еден сосема мал чекор, го пуштив мојот осумгодишник да се искачи на врвот од јажето, а потоа еден ден му дозволив да оди сам до пекара. Тоа е само долу по скалите па прва врата лево. Беше многу горд кога се врати со купениот леб.

Не смеев да му кажам дека неговата американска мајка цело време го гледаше од берлинскиот балкон.

Извор: TIME

Loading...