Американец во Германија ја кренал раката во нацистички поздрав па добил ќотек

0
42
views
Берлин полиција
loading...

Во центарот на германскиот град Дрезден пијан Американец вчера повеќе пати ја кренал рака во нацистички поздрав, пренесува Асошиејтед прес. Но, неговиот идиотски перформанс не траел долго, бидејќи му пришол еден минувач, го удрил во главата и избегал.

Полицијата на Дрезден потврди дека 41-годишен Американец, чие име и презиме не се објавени, претрпел помалу повреди.

Германската полиција трага по напаѓачот, но истрага се води и против нападнатиот Американец бидејќи нацистичките слогани, иконографијата и поздравите во таа земја се строго забранети. АП јавува дека Американецот имал „исклучително високо“ ниво на алкохол во крвта.

Ова е втор инцидент во август во кој странски туристи имаат проблеми во Германија поради нацистички поздрав.

Пред една недела во Берлин беа уапсени двајца кинески туристи кои нацистички поздравувале пред зградата на германскиот парламент. Двајцата беа уапсени.

Loading...